Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер порача дека е подготвен да испрати војска во Мексико по масакрот во кој беа убиени девет члена на американско мормонско семејство.
– Прекрасно семејство и пријатели од Јута се жртви на меѓусебна пресметка на наркобанди. Ако Мексико побара наша помош да се ослободи од тие чудовишта, Соединетите Американски Држави стојат на располагање. Спремни сме да сме вмешаме и да ја сработиме работата брзо и ефикасно. Наркокартелите станаа големи и моќни, понекогаш е потребна војска за да порази војска. Дојде време Мексико, со помош на Соединетите Држави, да им објави војна на наркокартелите и да ги збрише од лицето на земјата. Едвај го чекаме повикот од вашиот сјаен нов претседател – напиша Трамп.
Најмалку пет државјани на САД, мајка и четири деца, беа убиени во насилен напад, извршен од наркокартел во северниот дел на Мексико. За жртвите се вели дека се членови на семејството Лебарон, поврзани со отцепената заедница Мормон, која се населила во Мексико пред неколку децении.