Тринаесет мексикански полицајци денеска беа убиени во заседа во Мичоакан, пренесува Си-ен-ен.
Пет полициски возила минувале низ општината Агилила во раните утрински часови кога ги пресретнале повеќе од 30 вооружени лица, се вели во соопштението на државниот обвинител на Мичоакан.
Безбедносните сили испратени на местото на настанот пронашле убиени и ранети полицајци. Две од полициските возила биле запалени.
На сликите објавени на социјалните мрежи се прикажани постери оставени на полициските возила потпишани од картелот „Нова генерација на Халиско“.