Јапонската полиција уапси двајца Израелци кои се осомничени за незаконски увоз на околу четири тони злато во Јапонија.
Шверцуваната стока има вредност од околу 183 милиони долари, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј.
Израелците две години внесувале злато во сандаци со автоделови од Хонгконг преку токискиот меѓународен ареродром. Тие во Јапонија незаконски внеле злато најмалку 50 пати.
Уапсените официјално живееле во Токио каде имале мали приватни компании.
Само во 2017 година во Јапонија беа запленети повеќе од 300 килограми шверцувано злато.