Уапсен е човекот кој се заканувал дека ќе активира бомба во зградата на украинската Влада. Припадници на специјалните сили пристигнаа пред владината зграда, а не беше јасно зошто човекот влегол во зградата.
– Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде – рекол човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата, според видеото што кружи на интернет.
Чуварот веднаш повикал полиција, по што пристигнале специјалците.
Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години.
Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и дека бил деминер во доброволната единица Ајдар.