Турција ја обвини Грција за поддршка на учесници во обидот за преврат од 2016 година по одлуката на Државниот совет (висок административен суд на Грција) за обезбедување азил за турски војници, наведе Омер Челик, портпарол на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
– Сосема е очигледно дека со одлуката судските власти во Грција ја заземаа страната на непријателите на Турција…Таа јасно укажува дека правдата е оставена настрана и се користи за друга цел, напиша на Твитер, Омер Челик.
Тој додаде дека Турција ќе ја продолжи одлучната борба против тероризмот, и дека нема да ги заборави оние што им даваат оружје на терористите и ги штитат со судски одлуки.
Односите меѓу Атина и Анкара се затегнаа по одбивањето на грчкото судство да ги екстрадира осумте турски војници пребегани со хеликоптер во Грција по обидот за државен удар во јули 2016 година Војниците се обвинети од Анкара дека учествувале во обидот за преврат, а тие ја негираат вмешаноста и побараа азил во Грција.