Турската армија уби 11 курдски војници во турскиот пограничен округ Хатај.
– Припадници на турските безбедносни сили, со поддршка од воздух, отворија оган и ги убија борците кои беа забележани во реонот на Арсуз, округ Хатај. Армијата оценува дека групата извршила неколку напади во округот, минатата година – се посочува во соопштението на локалната власт.
Во меѓувреме, турската армија соопшти дека двајца војници загинале во вчерашната експлозија на рачно изработена бомба за време на операција во Африн, Сирија.