Италијанската полиција соопшти дека во голема акција за разбивање синџир на препродавачи на скапи предмети во покраината Торино, уапсени се тројца Хрвати. Се работи за две жени и маж кои се во роднинска врска.
Во претресот на нивната куќа биле пронајдени голем број скапоцени предмети во вредност од околу 90.000 евра, а полицијата објавила и видеоснимка.
Меѓу другото, биле најдени и 1.700 евра готовина, неколку часовници „Ролекс“, „Картие“ „Булгари“, „Ивес“ и многу други, а исто така е пронајдена и виолина од 1713 година.