Трговската војна меѓу САД и Кина може да ги намали цените на руските ресурси, вели рускиот министер за економски развој, Максим Орешкин, пренесува ТАСС.
-Јасно е дека целата оваа приказна ќе има негативно влијание врз побарувачката на руски производи. Ова исто така се однесува и на стоките и услугите, па ова сценарио, се разбира, ќе значи пониски цени за клучните ресурси – нафта, метали, јаглен – што се извезуваат од Русија, вели тој.
Покрај тоа, ќе има обесхрабрувачки ефект врз нестоковниот извоз од Руската Федерација поради ослабената глобална побарувачка.