Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе биде разочаран ако се покажат точни извештаите дека Северна Кореја ја обновува лансирната станица, откако севернокорејскиот лидер Ким Jонг – Ун вети во Виетнам дека ќе ја продолжи забраната за нуклеарни и ракетни проби.
– Ќе бидам многу, многу разочаран во Ким, рече Трамп, одговарајќи на новинарски прашања во врска со извештаите за обнова на лансирната станица Сохае во Северна Кореја, која се наоѓа северозападно од Пјонгјанг.
Трамп изјави дека неговиот однос со лидерот на Северна Кореја останува „добар“.
Американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биган денеска во Стејт департментот се сретна со колегите од Јапонија и Јужна Кореја, кои предложија полуофицијални тричлени разговори со САД и Северна Кореја, со цел разговорите за нуклеарното наоружување во Северна Кореја да се вратат на вистинскиот пат.