Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека Вашингтон нема да трпи никакви закани и евентуална одмазда за убиството на генералот Касем Сулејмани.
– Нека ова служи како предупредување дека ако Иран нападне некој Американец или американски имот, имаме на нишан 52 ирански места (што ги претставуваат 52 заложници задржани од страна на Ирцан пред многу години), од кои некои се на многу високо ниво и важни за Иран и иранската култура. Тие цели, самиот Иран, ќе бидат погодени многу брзо и моќно. САД повеќе не сакаат закана – напиша Трамп на „Твитер“.
Американскиот претседател се осврна на изјавата на главниот командант на Исламската револуционерна гарда, дека Иран има намера да ги казни Американците за да се одмазди за убиството на Сулејмани.
– Иран зборува многу смело за американските цели како одмазда за тоа што го ослободивме светот од терористички лидер кој уби Американец и тешко рани многу други, а да не ги спомнуваме сите луѓе што ги убил за време на неговиот живот, вклучително и стотици ирански демонстранти. Тој веќе ја напаѓаше нашата амбасада и се подготвуваше за понатамошно дејствување на други локации. Иран е проблем долги години – додаде Трамп.