Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе ги задржи припадниците на Националната гарда долж границата со Мексико додека не заврши изградбата на ѕидот кој би требало да ги запре илегалните мигранти.
Трамп рече дека сака да види од две до четири илјади војници на границата, додавајќи дека разгледува колку ќе чини припадниците на Националната гарда да бидат стационирани таму.
Американската администрација вчера објави дека координира активности со гувернерите на пограничните држави во врска со тоа како Националната гарда може да ги поддржи федералните погранични безбедносни сили.