Ако и кога ќе дојде време за тоа, американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен за огромната одговорност за притискање на „нуклеарното копче“, изјави тој во време кога Вашингтон е во судир со се поголем број држави, пренесува РТ.
Трамп го коментираше ова прашање за време на интервјуто со Пирс Морган за програмата „Добро утро Британија“ на 1ТВ во средата.
Прашан за најлошото сценарио за потенцијално користење нуклеарно оружје во време на војна, Трамп истакна дека тоа е огромна одговорност но дека тој е подготвен за задачата.
Во истото интервју, Трамп, исто така, зборуваше за тензиите со Иран и за изгледите за обновена воена акција во Заливот. Иако рече дека би сакал да разговара со Техеран за нивните разлики, тој инсистираше дека негирањето на нуклеарното оружје на Иранците е клучно прашање.
-Со оглед на тоа, секогаш постои шанса за војна со земјата- предупреди тој.
Строгата реторика на Трамп за Иран следи по периодот на зголемени тензии од минатогодишното повлекување на САД од историскиот нуклеарен договор за Иран, познат како ЈЦПОА. Иран тврди дека ги исполнил сите обврски според договорот од 2015 година, со кој се ограничува иранскиот нуклеарен развој во замена за олеснување на економските ограничувања меѓу другите мерки.
Тензиите се зголемуваат и меѓу Вашингтон и Кина поради трговската војна и обвиненијата од Вашингтон дека Пекинг го користи својот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ за шпионирање. Кина ги негираше тврдењата и вети дека овој потег нема да остане неодговорен.