Американскиот претседател Доналд Трамп побара од државниот секретар Мајк Помпео да го одложи патувањето во Северна Кореја, бидејќи, според него, денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров оди бавно.
– Побарав од државниот секретар Мајк Помпео да не оди сега во Северна Кореја, бидејќи чувствувам дека нема доволно напредок кога станува збор за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров – напиша Трамп на Твитер.
Помпео вчера назначи свој специјален советник за Северна Кореја и соопшти дека следната недела заедно ќе го посетат Пјонгјанг.