Американскиот претседател Доналд Трамп и денеска продолжи со нападите врз членките на НАТО во врска со нивните трошоци за одбрана, пред средбата со лидерите од Алијансата на вториот ден од самитот во Брисел.
Трамп во неколку твитови напиша дека „ претседателите неуспешно со години се обидуваат од Германија и другите богати НАТО земји да добијат повеќе за своја заштита од Русија“.
….On top of it all, Germany just started paying Russia, the country they want protection from, Billions of Dollars for their Energy needs coming out of a new pipeline from Russia. Not acceptable! All NATO Nations must meet their 2% commitment, and that must ultimately go to 4%!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 12, 2018
Тој истакна дека проектот за гасовод кој доаѓа од Русија е неприфатлив, затоа што е неприфатливо да се дадат милијарди долари на земја од која се обидувате да се заштитите.
Американскиот претседател наведе дека САД „плаќаат десетици милијарди долари, премногу ја субвенционираат Европа“.
Трамп побара членките на НАТО да го исполнат ветувањето и да трошат два отсто од БДП, и оти мора на крајот да зголемат до четири проценти.
Американскиот претседател зазема агресивен тон на самитот, доведувајќи ја во прашање вредноста на воениот сојуз кој со децении ја дефинираше американската надворешна политика, ги напаѓаше сојузниците и предложи зголемување на трошоците за одбрана во Европа, коментираат светските агенции.