Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на Твитер денеска укажа дека ниските цени на нафтата влијаат позитивно на економијата на САД, но се „лоши вести за Русија“.
– Цените на бензинот паѓаат низ цела Америка и ние сега произведуваме многу повеќе нафта од кога било, се вели во објавата и се додава дека тоа е благодарение на енергетската политика на претседателот Трамп.
– Но ова е лоша вест за Русија. Зошто претседателот би си дозволил такво нешто ако работел за Кремљ, напиша Трамп, алудирајќи на емисијата „Фокс и пријатели“ на која тој синоќа во телефонски разговор беше прашан дали работи за Москва.
Тој на ова прашање одговори дека е „најнавредливото прашање што му било поставено кога и да било досега“.