Американскиот претседател Доналд Трамп излезе пред новинарите со документ в рака на кој можеше да се прочитаат детали за договорот за мигрантите со Мексико, откако одби да ги коментира овие планови пред медиумите, велејќи дека се „тајни“, јавува „Јуроњуз“.
Острото око на американската и светската јавност забележа дека тоа е документ, а фотограф на „Ројтерс“ успеа детално да го фотографира влијателниот политичар и документот во неговата рака.
Според „Јуроњуз“, таму пишува дека Мексико прифатиле да ги испитаат домашните закони и регулативи и притоа да донесат некакви промени, сè со цел да го имплементираат договорот склучен со САД.
Договорот кој минатата недела беше потпишан меѓу САД и Мексико постави регионален пристап за делење на обврските околку решавање на статусот на мигрантите. Трамп изјави дека Мексико за брзо ќе открие дел од договорот, додавајќи дека дел од него ќе мора да мине низ мексиканскиот Конгрес.