Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ја откажал воената парада планирана за ноември, бидејќи цената е „апсурдно висока“ и дека, наместо тоа, ќе го посети Париз на 11 ноември, за да присуствува на комеморацијата за Денот на ветераните.
Американското Министерство за одбрана претходно соопшти дека е одложено одржувањето на парадата барем до следната година.
-Можеби ќе направиме нешто наредната година кога трошоците (за одржување парада) значително ќе се намалат – напиша Трамп на Твитер, откако се појавија шпекулации дека парадата би ги чинела САД околу 92 милиони долари.
Трамп минатата година повика на одржување патриотски воени паради.