Американскиот претседател Доналд Трамп го повика неговиот кинески колега Си Џинпинг да се сретне со демонстрантите кои бараат демократски реформи во Хонгконг, објави Би-би-си.
Хонгконг веќе неколку месеци се соочува со протести и судири на демонстрантите со полицијата. Освен на улиците на полуавтономната кинеска територија, протести имаше и на високо фрекфентниот аеродром во градот. Се проценува дека неколку милиони граѓани на Хонгконг излегоа на 10-неделните антивладини протести.
Трамп претходно сугерираше на тоа дека е подготвен да се сретне со Си Џинпинг за да разговара за кризата во градот.
– Го познавам претседателот Си Џинпинг на Кина многу добро. Тој е голем лидер и го има респектот кај граѓаните. Тој е добар човек во „тешкиот бизнис“. Немам никакви сомнежи дека доколку Си сака хумано да го реши проблемот во Хонгконг, тој ќе го направи тоа. Личен состанок? – напиша Трамп на Твитер.
Тој во следната објава исто така кажа дека доколку Си Џинпинг директно би се сретнал со демонстрантите, среќно ќе се заврши проблемот во Хонгконг.
If President Xi would meet directly and personally with the protesters, there would be a happy and enlightened ending to the Hong Kong problem. I have no doubt! https://t.co/eFxMjgsG1K
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 15, 2019
Сепак, повиците на Трамп најверојатно нема да вродат со плод и мала е веројатноста кинескиот претседател да се сретне со демонстрантите, констатираат од Би-би-си. Официјален Пекинг кажа дека однесувањето на учесниците на протестите е многу блиско до тероризам и поради тоа би било многу тешко кинеската влада да го оправда состанокот меѓу нивниот лидер и „терористите“.
Исто така, демонстрациите немаат очигледни лидери кои потенцијално би можеле да ги водат преговорите со Пекинг.