Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, за денеска најави важна прес-конференција што треба да се одржи околу 18 часот по наше време.
– Денес важен прес на адвокатите за многу јасен и одржлив пат кон победа. Работите многу убаво доаѓаат на свое место – напиша тој на Твитер.
Important News Conference today by lawyers on a very clear and viable path to victory. Pieces are very nicely falling into place. RNC at 12:00 P.M.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Неколку минути претходно, тој објави дека бил ограбен на претседателските избори во Детроит (Мичиген).
– Изборните измами во Детроит се жестоки и тоа веќе години наназад – обвини денеска Трамп.
Voter Fraud in Detroit is rampant, and has been for many years!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Тој на изборната ноќ водеше во државата Мичиген, која носи 16 избирачки гласови, за на крајот да загуби.
– Минатата ноќ водев, честопати многу солидно, во голем број клучни држави, скоро на секое место што го држеа и го контролираа демократите. Потоа, една по една, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеа поштенските гласови. Многу чудно – напиша тогаш Трамп на Твитер.
Штабот на Трамп покрена серија тужби во обид да го смени резултатот од изборите, а тој без цврсти докази тврди дека изборите биле „украдени“.
Вчера од судот беше побарано да го прогласи за победник на претседателските избори во Пенсилванија, а претставничкиот дом во таа сојузна држава, кој е под контрола на републиканците, да ги избере електорите кои ќе гласаат за претседател на САД.