Јапонскиот цар Нарухито и царицата Масако приредиле вечера за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во царската палата во Токио. На вечера биле послужени француски специјалитети, а гостите вечераа со музика од царскиот оркестар.
На првата свечена вечера што ја приредил јапонскиот цар присуствувале 165 гости, меѓу кои и премиерот Шинзо Абе. Како што се наведува, на менито биле кралска супа, сезонска салата, говедско месо риба, а за десерт сладолед, диња и грозје.
Трамп е прв светски лидер кој се сретнал со новиот јапонски цар, откако на 1 мај рој застана на тронот.