Новите американски санкции против Иран се „најрестриктивни санкции што некогаш биле воведени против некого”, напиша денеска на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.
The Iran sanctions have officially been cast. These are the most biting sanctions ever imposed, and in November they ratchet up to yet another level. Anyone doing business with Iran will NOT be doing business with the United States. I am asking for WORLD PEACE, nothing less!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 7, 2018
„Во ноември тие ќе бидат засилени до нов степен. Секој што прави бизнис со Иран, НЕМА да прави бизнис со САД. Настојувам за МИР ВО СВЕТОТ, ништо помалку”, напиша Трамп на Твитер, притоа акцентирајќи одредени делови преку користење големи букви.