Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп денес имаа приватен ручек пред официјално да започне самитот на Г7 во Бијариц.
Макрон подоцна изјави дека разговарал со Трамп за „големиот број кризи“ во светот, вклучувајќи ги Либија, Иран и Русија, а станало збор и за трговските односи и за климатските промени, објави АП.
Трамп рече дека тој и Макрон „всушност имаат многу заедничко“ и нагласи дека имал „посебна врска“ со францускиот претседател.
– Имаме многу работи што треба да ги направиме овој викенд, на што однапред се радувам – истакна Трамп.
Запрашан од новинарите дали тој навистина ќе воведе данок за увоз на француско вино како одмазда за одлуката на Франција да ги оданочи американските дигитални гиганти, како што изјави вчера пред да замине за Франција, Трамп рекол дека „ги сака француските вина“.