Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша денеска имигрантска објава која треба дополнително да ја зајакне забраната за мигранти да се квалификуваат за азил доколку нелегално ја поминале границата на САД со Мексико.
Администрацијата на Трамп вчера објави нови правила за да ограничи силни барања на мигранти за азил забранувајќи им на луѓе кои ја преминале јужната американска граница илегално, да бараат азил. Луѓето мора да влезат во САД на посебни влезови, нагласи Трамп пред да замине за Париз.