Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе застане на страната на саудискиот престолонаследник, и покрај проценката на ЦИА дека тој го наредил убиството на новинарот Џамал Хашоги и барањата на американските сенатори да го осудат вистинскиот лидер на кралството.
Трамп одби да коментира дали принцот Мохамед бин Салман бил соучесник во убиството на новинарот, но го поддржа принцот по убиството на Кашоги пред повеќе од два месеци.
-Тој е лидер на Саудиска Арабија. Тие се многу добар сојузник, изјави Трамп.
Запрашан дали поддршката за кралството значи поддршка за принцот, Трамп одговори: „Во овој момент сигурно значи”.
За тоа дека некои членови на кралското семејство агитираат против принцот да стане крал, и сметаат дека САД и Трамп можат да одиграат клучна улога, американскиот претседател вели дека не слушнал тоа.
-Искрено, не можам да коментирам, бидејќи воопшто не сум слушнал такво нешто. Единствено знам дека тој има многу силни позиции, рече Трамп.