Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ги отфрли официјалните податоци дека во Порторико, како последица на минатогодишниот ураган Марија, животот го загубиле 3.000 лица.
Исто така, без докази, ги обвини демократите дека го зголемиле бројот на жртви за „да го прикажат во лошо светоло“.
Бројот на жртви од Марија, најсилна бура која ги погодила Карибите во последните 100 години, минатиот месец се зголеми речиси на 3.000 лица, според истражувањето подготвено по нарачка на гувернерот на Порторико.
Трамп на Твитер тврдеше дека 3.000 лица не зги загубиле животите во бурата.
3000 people did not die in the two hurricanes that hit Puerto Rico. When I left the Island, AFTER the storm had hit, they had anywhere from 6 to 18 deaths. As time went by it did not go up by much. Then, a long time later, they started to report really large numbers, like 3000…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) 13 September 2018
– Кога го напуштив островот, по бурата, беа од шест до 18 жртви. Потоа, по подолго време, почнаа да известуваат за многу големи цифри, како што е 3.000, напиша американскиот претседател на Твитер.
На твитот на Трамп остро реагираше градоначалничката на Сан Хуан, Кармен Хулин Криз, која повеќепати жестоко го критикуваше претседателот и неговата администрација поради одговорот на ураганот, кој ја опустоши американска територија.
– Господине претседателе, во вистинскиот свет луѓето умираат додека вие сте на должност. Вашиот недостаток на почитување е ужасувачки, напиша Круз на Твитер.
Според истражувањето, кое го направи Универзитетот Џорџ Вашингтон, 2.975 смртни случаи на островот, во период од септември минатата година до февруари оваа година, директно или индиректно се поврзани со ураганот Марија.