Американскиот претседател Доналд Трамп со расистички коментари синоќа ја нападна „дружината“, наведувајќи дека четворица прогресивни демократи кои влегоа во судир со партиските лидери „треба да се вратат од каде што дошле и да помогнат да се подобрат тие тотално уништени места каде што владее криминалот“, пренесува „Гардијан“.
– Не можете да заминете доволно брзо – навел тој.
Трамп не ги именуваше своите цели, но членовите на „дружината“ се Александрија Окасио-Кортез од Њујорк, Ајана Присли од Масачусетс, Рашида Тлаиб од Мичиген и Илхан Омар од Минесота.
Единствено Омар која е од Сомалија, не е родена во Америка. Присли е афроамериканка, родителите на Тлајб се палестински имигранти, а Окасио-Кортез доаѓа од порториканско семејство од Њујорк.
Членовите на „дружината“, како и неколку други членови на Конгресот, жестоко реагираа на ваквите коментари, велејќи дека Трамп е најлошиот и најкорумпираниот претседател на сите времиња, а овие коментари ги осудија како расистички.
На ова, Трамп синоќа на својот профил на Твитер одговори дека е тажно што демократите ги бранат оние кои што зборуваат лошо за американската држава.
So sad to see the Democrats sticking up for people who speak so badly of our Country and who, in addition, hate Israel with a true and unbridled passion. Whenever confronted, they call their adversaries, including Nancy Pelosi, “RACIST.” Their disgusting language…..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 15, 2019