Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ги предупреди американските граѓани да не патуваат во Венецуела, поради политичката криза во таа земја.
Кризата во Венецуела ескалираше откако минатата недела откако спикерот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо се прогласи за времен венецуелски претседател на местото на шефот на државата Николас Мадуро, кој беше избран на таа функција минатата година, на избори бојкотирани од опозицијата и чии резултати беа оспорени од дел од меѓународната заедница, пред се од западните земји. Откако САД и повеќе латиноамерикански земји го поддржаа Гуаидо, Мадуро порача дека тоа е обид за државен удар во режија на Вашингтон.
Maduro willing to negotiate with opposition in Venezuela following U.S. sanctions and the cutting off of oil revenues. Guaido is being targeted by Venezuelan Supreme Court. Massive protest expected today. Americans should not travel to Venezuela until further notice.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 30, 2019
– Мадуро е подготвен да преговара со опозицијата во Венецуела по санкциите од САД и прекинот на приходите од нафта. Гуаидо е на мета на Врховниот суд на Венецуела. Денеска се очекува голем протест. Американците не би требале да патуваат во Венецуела до понатамошно известување, напиша Трамп на Твитер.