Белата куќа повеќе нема да биде претплатена на „Вашингтон пост“ и „Њујорк Тајмс“, по оценката на американскиот претседател Доналд Трамп дека овие весници се „нечесни“ кон него.

Портпаролот на Белата куќа, Стафани Гришам, рече дека прекинувањето на претплатата ќе биде „значителна заштеда за даночните обврзници од стотици илјади долари“.
       
Одлуката да не се продолжи претплатата на овие два угледни весника е донесена по неодамнешната најава на Трамп дека Белата куќа ќе стави крај на претплатите на овие два медиуми коишто се честа мета на критики на администрацијата на САД поради нивниот однос кон претседателот.
        
-„Њујорк тајмс“ е лажен весник, не го сакаме повеќе во Белата куќа. Веројатно ќе ставиме крај на претплатата за тој весник и за „Вашингтон пост“ – рече Трамп.
        
Си-ен-ен наведува дека не е познато колку сојузни служби се претплаќаат на овие два весника, ниту колку државни средства се трошат за претплата. Трамп не е првиот претседател што ги бојкотира весниците. Џон Кенеди ја откажа претплатата во „Њујорк Хералд трибјун“ поради наводна пристрасност, но Белата куќа подоцна ја обнови преплатата.