Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата неодамнешна посета на Лондон била најинтересниот настан за британската кралица Елизабета Втора во изминативе 25 години, објави лондонскиот весник „Мирор“.
-Имавме одличен однос, се смеевме и се забавуваме. Нејзините луѓе велат дека не се забавувала толку во изминативе 25 години. Тогаш ме критикуваа затоа што рекоа дека премногу се забавуваме- изјави Трамп, за време гостувањето во емисијата „Фокс и пријателите“.
Изминативе 25 години кралицата Елизабета одбележа златен и дијамантски јубилеј, ги прослави свадбите на своите внуци и раѓањата на правнуците, посети многу држави и се сретна со голем број лидери, но, како што пренесува „Мирор“, според Трамп, таа никогаш не се забавувала како за време на неговата посета.