Во Камбоџа постои голема загриженост за стандардите на кинеските градежни компании кои вршат градежни услуги, по неодамнешното уривање на зграда во земјата, пренесува „Гардијан“.
Тројца кинески сопственици на државно и приватно земјиште кои биле вклучени во изградбата, биле притворени по два дена од уривањето на зграда во Камбоџа.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ објави дека Сенг Лот, портпарол на министерството за управување со земјиште, планирање и изградба на Камбоџа, изјавил дека урнатата зграда започнала да се гради без дозвола.
– Проектот беше нелиценциран и властите на провинцијата два пати ги предупредија градежниците, но тие ги игнорираа предупредувањата – изјавил тој за агенцијата.
Кинеската амбасада во Пном Пен денеска објави соопштение во кое се наведува дека амбасадата поддржува темелна истрага на инцидентот и преземањето на неопходните мерки во согласност со законот, од страна на власта на Камбоџа.
Амбасадата изрази сочуство до семејствата на загинатите и наведе дека ги исконтактирала кинеските претпријатија во Камбоџа за да мобилизира персонал, како и тешка машинерија, односно багери, за да се расчистат урнатините.
Бројката на загинатите достигна 24, откако се урна челичната конструкција од седум ката на градилиште во Камбоџа. Спасувачките екипи со сигурност тврдат дека бројката на жртвите е уште поголема, бидејќи сѐ уште не се пронајдени сите работници.