Две лица загинаа во северниот дел на Алабама, a едно во Луизијана кога неколку торнада го погодија југоистокот на СAД, корнејќи кровови, дрвја и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија, соопштија официјални лица.
Најголемо невреме и штети се регистрирани во делови од Луизијана, Мисисипи, Алабама и Тексас, каде силните ветрови се развиле од вчера наутро, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 28.300 луѓе останале без струја во Мисисипи, Луизијана и Алабама.
Специјални тимови ќе бидат испратени за да извршат проценка на штетите, соопшти Рич Томпсон, главен метеоролог во Националниот метеоролошки центар за предвидување на невреме.
Во текот на денот се очекуваат дополнителни ветрови и врнежи од дожд, а невремето ќе се се движи југоисточно кон Џорџија, Флорида и бреговите на Северна и Јужна Каролина.