По тридневните интезивни преговори, лидерите на Европската Унија (ЕУ) ја номинираа германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин (60) за нов претседател на Европската комисија (ЕК).
Доколку Европскиот парламент ја прифати номинацијата Фон дер Лаин ќе стане првата жена која ќе раководи со Комисијата.
Според пишувањата на „Јуроњуз“, ова не е првпат да германската политичарка да создаде историја во политиката. Во 2013 година, таа стана првата жена министер за одбрана на Германија, раководејќи со Министерството до ден денес.
Родена во Брисел, Фон дер Лаин е една од најблиските соработнички на германската канцеларка Ангела Меркел веќе неколку години и извесно време се сметаше дека токму таа ќе ја замени како канцелар на чело на Германија.
Иако во политиката влегла во прилично доцна, Фон дер Лаин отсекогаш била блиска со оваа работа. Нејзиниот татко, Ернст Албрехт, бил министер-премиер на сојузната германска држава Долна Саксонија и поранешен генерален директор на ЕК, меѓу другото.
На 13-годишна возраст, кандидатката за првото место на ЕК се преселила од Брисел во Геманија со нејзиното семејство. Учела економија во Лондон, а потоа и медицина, професија во која специјализирала гинекологија во Хановер.
Перфектно зборува француски и германски јазик и има седум деца, што е релативно невообичаено за Германија, каде жените во просек имаат 1,59 деца.
Урсула фон дер Лаин влегла во политика на 43-годишна возраст и е член на партијата Христијански демократи на Меркел се до денес.
Имаше различни локални политички позиции во регионот на Хановер од 2001 до 2004 година, а потоа беше избрана за државниот парламент на Долна Саксонија во 2003 година, пред да стане член на кабинетот на министерот за социјални и семејни работи, семејство, жени и здравство.
Таа се проби во германскиот политички свет во 2005 година, кога Меркел ја назначи за федерален Министер за семејни работи, постари граѓани, жени и младина. Четири години подоцна, фон дер Лаин беше избрана за Бундестагот, а како федерален министер за труд и социјала работеше до 2013 година.
Нејзниот мандат како министерка за одбрана беше проследен со контроверзи околу доделување на сомнителни приватни договори поврзани со две фирми за консталтинг. Таа подоцна рече дека се направени неколку грешки при доделувањето на договорите и со донесување на серја мерки се заложи дека слични грешки нема повторно да се случат.
Во 2015 година, таа беше обвинета, но подоцна ослободена за плагијат на нејзната докторска теза.