Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ЕУ треба да даде алтернатива на нејзините предлози за Брегзит.
– Потребни ни се сериозни заложби за решавање на двете главни прашања во преговорите, додаде таа, имајќи ги предвид прашањата за идните трговски односи со ЕУ и границата со Ирска.
Коментирајќи ја сегашната состојба во преговорите, Меј рече тие се во ќорсокак.
Британската премиерка изјави дека најдобриот исход од преговорите за Брегзит би бил Велика Британија да ја напушти ЕУ со договор. Таа сепак додаде дека напуштање без договор би било подобро од напуштање со лош договор.
– Нема да го отфрлам резултатот од референдумот, ниту ќе дозволам да ми се распарчи државата. истакна Меј.