По повод Денот на победа над фашизмот, Русија на воената парада ќе го покаже своето најново оружје – тенк „на далечинско управување“, објави Би-Би-Си.
Покрај тенкот „Уран 9“ на парадата утре планирано е да се презентира и другото најново оружје кое е тестирано за време на судирот во Сирија. Тенкот на далечинско управување опремен е со противтенковски ракети, топ и автоматска пушка.
Ќе бидат прикажани и најновите дронови, противбродски проектили, робот тенк „Уран 6“, кој чисти мини, што одлично се покажа на сириското боиште.
„Уран 9“ може сам да лоцира мета, но конечната одлука за пукањето ја носи лицето со далечински управувач, кој се наоѓа во оклопно возило, што од тенкот може да биде оддалечено и до три километри. Додека далечинскиот управувач од „Уран 6“ може да биде оддалечен најмногу еден километар. Тој чистач на мини, експлозивните направи ги активира на безбедна оддалеченост од тенкот.
На парадата првпат ќе биде претставено и специјално теренско возило за пешадијата, наменето за транспорт на две лица. Возилото е наречено „квада“ и е опремено и со автоматска пушка. „Квада“ е наменето за истражување на посебно непрегледен и тежок терен, како и за брзи акции.
Предвидено е да биде презентиран и дронот адаптиран за сите временски услови „Кросар“, кои може да се користи и за ракетен напад. „Кросар“ може да лета и до височина од шест километри, најмногу 10 часа, а максималниот дострел е над 160 киломатри.
На парадата ќе бидат презентирани и борбени авиони, бомбардери и хеликоптери. Првпат ќе летаат авионите МиГ 31, вооружени со најновите суперсонични ракети, дизјанирани да уништат носачи на авиони.
Исто така ќе биде покажан и новиот авион „Сухој-57“, кој исто така успешно е тестиран во Сирија.