Поради приближувањето на тајфунот Кроса, јапонските власти им порачаа на најмалку 570.000 жители на западните региони да ги напупштат домовите и да се преместат во евакуациски центри.
Ова особено се однесува на Хирошима, кон која се движи тајфунот. Брзината на ветровите е околу 35 метри во секунда. Во западниот дел се очекуваат врнежи до 800 литри на квадратен метар. Властите предупредија и на лизгање на земјиште.
Откажани се 673 летови на внатрешни линии, отежнато е движење на возови и делумно се затворени автопатишта.
Кроса е десети тајфун во Тихиот Океан сезонава. Тајфунот ќе навлезе во Јапонското Море по што ќе се насочи кон островот Хокаидо.