Во бизарен потег, султанот од Брунеи во писмо до Европската унија ја брани својата неодамнешна одлука за наметнување строги шеријатски казни во својата земја, пренесува „Гардијан“.
Султанот неодамна воведе строги нови закони во кралството Брунеи, вклучувајќи ја и смртта со каменување за секој осуден за хомосексуалност, како и ампутации, камшикување и егзекуции за други злосторства, како што се кражба и прељуба.
Во своето писмо султанот ја повикува ЕУ да го преиспита своето гледиште за неговите нови закони, истакнувајќи дека тие ќе бараат непобитни докази за нивно спроведување, па така таквите пресуди ќе бидат ретки.
Султанот се обидел да ги оправда своите брутални нови закони.-Казните од хад (казни според исламскиот закон наметнати и одредени од Бога)- смртната казна и ампутацијата – за кражби, кражби, прељуба и содомија, бараат крајно непобитни докази: не помалку од двајца или четири мажи со висока морална положба и побожност како сведоци, исклучувајќи ја секоја форма на посредни докази- стои во писмото од султанот.
Што се однесува до камшикувањето како казна, во писмото се вели дека сторителот мора да биде облечен, камшикувањето мора да биде со умерена сила без да се подигне раката над главата, нема да резултира со расекување на кожата, ниту кршење на коските, и не треба да се применува на лицето, главата, стомакот, градите или врз гениталиите.
Необичната одлука да се испрати писмото, кое повикува на „толеранција, почит и разбирање”, доаѓа откако членовите на Европскиот парламент минатата недела гласаа за осуда на новите закони и шеријатските казни во Брунеи.
Пратениците повикаа и на замрзнување на имотот за клучните официјални претставници на Брунеи, како и бојкот на извозот на Брунеи, како што се луксузните хотели во светот.Универзитетот „Оксфорд“ неодамна донесе одлуката за преиспитување на својата почесна диплома доделена на султанот во 1993 година.
Универзитетот претходно одби да ја повлече наградата и покрај осудата од целиот свет на одлуката на султанот да ги смири тврдокорните луѓе во неговата земја со наметнување строги шеријати казни.