Во Хонгконг избија судири меѓу приврзаниците на Кина и демонстрантите кои бараат демократски реформи во оваа полуавтономна кинеска територија. Полицијата интервенираше и приведе неколку лица.
Стотина прокинески демонстранти во зионата Амоу, во густо населениот дистрикт Ковлун, ја пееја кинеската национална химна и вееја знамиња и извикуваа пароли со поддршка на матичната земја. По пристигнувањето на опозициските демонстранти се случија инциденти и физичка пресметка.
Продемократските демонстранти во Хонгконг планираат денеска да ги заземат шопинг центрите. Изминатата ноќ, во текот на протестите, тие формираа човечки вериги, носејќи светилки. Демонстрантите планираат да се соберат пред конзулатот на Велика Британија, за да бараат Кина да ја почитува Женевската декларација што ја потпишала во 1984 година со Лондон за иднинатата на поранешната британска колонија, која под кинеска управа беше вратена во 1997 година. Протестите во Хонгконг почнаа во јуни заради законот за екстрадиција којшто во меѓувреме беше повлечен, но прераснаа во борба за повеќе демократија.