Пушењето е главна причина за хронични заболувања и предвремена смрт во ЕУ. Ова се наведува во соопштението издадено од еврокомесарот за здравство на ЕУ, Виталиј Андреукитис.
Податоците за смртност во ЕУ од рак на белите дробови покажуваат дека само во 2015 година довело до смртност на 273.400 луѓе. Тоа е причина за една петтина од сите случаи на смрт од рак. Пушењето е основна причина и за многу други видови на рак, како и други тешки заболувања како што се кардиоваскуларните.
Од 2014 година досега бројот на пушачи во ЕУ е 26 отсто. Меѓу луѓето на возраст од 15 до 24 години процентот на пушачи се зголеми од 25 отсто во 2014 година на 29 отсто минатата година, според податоците цитирани од соопштението.