Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ денеска изрази „длабока загриженост“ поради односот на Италија кон мигрантите и побара појаснувања од Рим за плановите за затворање на големите мигрантски центри.
Во писмо упатено до италијанскиот премиер Џузепе Конти, Мијатовиќ изразува жалење поради „очигледното брзање“ на властите за празнење на еден центар за сместувње мигранти.
Мијатовиќ нагласува дека е „вознмирена“ затоа што некои мигранти кои заслужуваат заштита, со планираните мерки на Владата би можеле да останат на улица.
– Ве повикувам да се погрижите да не бидат загрозени човековите права на оние лица кои беа спасени во морските води, му порача Мијатовиќ на Конте.