Белата куќа се подготвува за вториот мандат на Доналд Трамп, изјави Питер Наваро, економски советник на републиканскиот милијардер кој одбива да признае пораз на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември.
– Продолжуваме да работиме во Белата куќа со претпоставка дека Трамп ќе има втор мандат – рече Наваро на каналот Фокс Бизнис.
– Мислам дека е навистина важно да се разбере дека сакаме проверени гласачки ливчиња и истрага за растечкиот број на извештаи за измама на сведоци кои потпишаа изјава под заклетва – додаде тој.
Доналд Трамп по скоро една недела откако американските медиуми прогласија победа на демократот Џо Бајден, одбива да признае пораз.