Снежна бура зафати голем дел од Калифорнија, во која многу домаќинства останаа без електрична енергија, а надлежните служби предупредуваат на опасност од поплави и лавини.
Националната метеоролошка служба предупреди на опасност од поплави, лавини и снежни наноси на патиштата на Сиера Невада.
Снежните наноси на планините се и до 2,44 метра, а службите предупредуваат дека во повеќето премини во Сиера Невада е можна силна виулица, пропратена со одрони.
Предупредија дека бурата нема брзо да мине, а повеќето патишта се затворени поради опасност од лавини.
Силен ветер, дожд и снег на север го нарушија воздушниот сообраќај на аеродромот во Сан Франциско.
Ветерот соборуваше дрвја и повеќе од илјада потрошувачи останаа без струја во областа Рино Спаркс во Невада.
Националната метеоролошка служба предупреди на можноста за поплава в четврток во заливот на Сан Франциско и многу делови од Сакраменто, како и излевање на реките Руска и Напа в среда наутро.
Бурата веќе се движи кон други региони на запад, поради што се затворени повеќе училишта.
Причината за невремето е атмосферската влажност која доаѓа од северниот дел на Хаваите, што е феномен, кој повеќе не претставува реткост во овој дел од земјата.