Уште едно лице настрада на протестите на „жолтите елеци“, што е девета жртва од почетокот досега, соопштија француските власти.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека последната жртва е демонстрант, кој загинал во југозападниот град Ажен.
Повикувајќи на мир во текот на божикните и новогодишните празници, Кастанер рече: „Ова мора да престане. Деветмина настрадани“.
Пратеникот Оливије Дамасан напиша на Твитер дека демонстрантот бил удрен од камион, и дека тој бил локален лидер на движењето „жолти елеци“.
Уште осум лица настрадаа во текот на протестите на „жолтите елеци“, воглавно во сообраќајни несреќи.
Демонстрантите продолжуваат да блокираат наплатни рампи и кружни текови.