Петнаесетгодишно девојче од Индонезија, кое било силувано од нејзиниот брат, осудено е на шест месеци затвор поради извршен абортус. Заменикот-шеф на полициската станица во Батангари во провинцијата Џамби соопшти денеска дека девојката и нејзиниот брат биле осудени во четвртокот.
Братот (18) е осуден на две години затвор за сексуални престапи со малолетничка. Обвинителите побараа една година затвор за девојчето и седум години за нејзиниот брат.
Судот соопшти дека девојката била силувана осум пати од септември. Во мај, локалното население пронајде фетус во близина на плантажа на палми. Нивната мајка е обвинета за помагање при абортусот.