Илјадници Филипинци за време на празниците се заглавени во своите домови поради поројниот дожд што го придружува тајфунот. Тајфунот Фанфон синоќа го погоди островот Самар, а потоа го премина филипинскиот архипелаг движејќи се кон запад.
Нема пријавено жртви од невремето, но силните ветрови предизвикаа огромни штети, уништија многубројни домови и доведоа до прекин во напојувањето со струја во многу градови.
Повеќе од 10.000 луѓе ја минале ноќта на училиштата, спортските сали или други јавни институции, соопштија официјални претставници на цивилната одбрана.
Иако е помалку моќен од тајфунот Хајан, најразорниот тајфун досега регистриран во земјата во 2013 година, Фанфон направи штета. Повеќе од 25.000 луѓе што требаше да го поминат Бадник со семејства се блокирани во пристаништата поради прекин на траектите.
Многу летови се откажани иако главниот град на Филипините, Манила, беше поштеден од невремето.
Во просек дваесетина тајфуни или тропски бури ги погодуваат Филипините секоја година и одземаат стотици животи. Во силното тропско невреме што го погоди северот на земјата кон средината на декември загинаа 13 лица.