Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја потресе Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот геолошки завод. Пацифичкиот центар за цумани издаде предупредување на основа на прелиминарни параметри на земјотресот, дека опасно цунами би можело да го погоди брегот лоциран на околу илјада километри од епицентарот на земјотресот, пренесе „ТАСС“.
Епицентарот на земјотресот бил 45 километри североисточно од Кокопоа, на релативно мала длабочина од 10 километри.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа на сеизмички активен огнен прстен, кој го опкружува Тихиот океан.