Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од пацифичката островска држава Вануату.
Како што соопшти Американскиот геолошки институт, потресот бил на длабочина од 73 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 474 километри северно од островот Санто.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е издадено ниту предупредување за можна појава на цунами.