Околу 3,4 отсто од луѓето кај кои е потврден вирусот Ковид-19 починале што е повеќе од стапката на смртност од сезонскиот грип која е под еден отсто. Сепак, ширењето на коронавирусот може да се запре, соопшти Светската здравствена организација.
– Да сумираме, Ковид-19 се шири помалку ефикасно од грипот, не го пренесуваат луѓе кои не се болни, предзвикува потешки симптоми од грипот и сè уште не постои вакцина ниту лекови, но може да се запре неговото ширење – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберејесус на прес-конеференција во Женева.
Тој рекол дека е прерано за одлука за одложување на Олимписките игри кои треба да се одржат во Токио во јули.
– Мислам дека сега е прерано да се носи одлука за тоа, би било добро да се следи ситуацијата – рекол Тедрос, пренесува „Ројтерс“.