Маларија брзо се шири во Венецуела, каде има 406.000 случаи во 2017 година, што е за 69 отсто повеќе отколку претходната година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Организацијата наведе дека бројот на заразени е за петпати поголем отколку во 2013 година.
Мигранти од Венецуела, кои заминуваат од земјата поради економската и општествена криза, ја пренесуваат болеста во Бразил и други делови на Јужна Америка, соопшти СЗО и побара од властите да обезбедат бесплатно лекување без оглад на статусот, а со цел да се запре натамошно ширење на болеста.
– Во Јужна и Северна Америка, не само во Венецуела, имаме извештаи за пораст на болеста – изјави директорот на програмата за борба против глобална маларија при СЗО Педро Алонсо.