Поранешниот медицински техничар осуден за убиство денеска од судница им се извини на семејствата на стотина пациенти, чии убиства ги призна.
– Да постоеше друг начин да им помогнам, јас тоа би го направил, верувајте ми, изјави 41-годишниот Ниелс Хогел, кој е обвинет за убиство на пациенти во периодот од 2000 до 2005 година во градовите Олденбург и Делменхорст во германската сојузна држава Долна Саксонија.
Тој призна дека поголемиот број наводи против него се точни на почетокот на судењето во градот Олднбург. Тој веќе отслужува казна доживотен затвор поради други злосторства во болница во Делменхорст.
Истражителите тврдат дека тој произволно ги избирал пациентите на кои им давал лекови кои доведувале до престанок на работата на срцето или доведувале до други здравствени компликации, за да може да ги оживее.
Обвинителот наведе дека Хоегел тоа го правел од досада или за да ги импресионира колегите со своите медицински вештини.
Тоа е еден од најтешките случаи на масовно убиство во Германија од Втората светска војна.