Сенатот на САД синоќа не успеа да ги усвои предложените измени на Законот за национална одбрана.
Со измените, сенаторите ќе имаа право да ги блокираат воените операции во странство, односно претседателот на САД ќе мораше да побара дозвола од Конгресот за спроведување воени операции во странство.
За изгласување на измените беа потребни 60 гласа, а „за“ усвојување се изјаснија 41 сенатор.